Фали Рамадани го носи Елмас во Интер, на зима…

1628

Се чини дека нема уште многу долго нашиот Дијамант да биде во Наполи. Имено уште во зима постои голема веројатност тој да ја смени средината и да се пресели на север во Италија, во тимот на Интер каде што некогаш играа и Дарко Панчев и Горан Пандев.

За целата оваа “операција“ е задолжен еден од најдобрите менаџери во светот, Фали Рамадани кој потекнува од тетовско, и тој уште отсега започнал да ја одработува својата работа.

Се разбира дека рано е уште за некои детали, но многу важно е што Елмас сака да си оди, а и Наполи нема ништо против за соодветна отштета да се песели во еден таков гигант како што е актуелниот европски вицешампион.

Инаку договорот на Елмас со Наполи е до јуни 2025. Секако дека нашиот репрезентативец има намера да си оди од Неапол ако се знае и тоа дека новиот тренер Руди Гарсија му дава уште помала минутажа од таа што ја имаше кај Спалети.

ПретходноЖФК Љуботен убедливо загуби и од Мура
СледноВерати и Дракслер договорија трансфери во Катар