Верати и Дракслер договорија трансфери во Катар

144

Марко Верати е подготвен да се пресели во Катар.

Според „Л’Екип“, играчот од средниот ред се согласил на трансфер во Ал Араби. Клубот од Блискиот Исток пред неколку дена се договори со ПСЖ, а беше објавено дека станува збор за сума од 50 милиони евра.

Верати останува да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со Ал Араби.

Во Катар ќе замине и неговиот соиграч Јулијан Дракслер. Денеска беше договорена преселбата на Германецот во Ал Ахли.

ПретходноФали Рамадани го носи Елмас во Интер, на зима…
СледноДаниеле Лавиа: Ќе биде тешко со Македонија, на ментално ниво е малку комплицирано