На Балканот спортските страсти често ги надминуваат границите на добриот тон, а уште еден доказ дојде од грчкиот тим Олимпијакос од Волос. Екипата од Грција отпушти фудбалер дури по третиот натпревар поради тоа што направи пенал во последните секунди од мечот со АЕК што донесе пораз на Волос од 2:3.
А клубот одлучи да се раздели со „грешникот“ Доминик Крузљак. При разделбата Словакот беше испратен со пораката на официјалната веб страница:
„ Не му посакуваме добро во иднина, но сигурно ќе го паметиме“.
Интересно, само еден ден подоцна Крузљак си најде нов клуб. Тој потпиша за Кошице, тим од татковината.