Рајковиќ пред утрешното финале на СП: Тројца кошаркари на Србија се мои, јас сум ги тренирал!

1272

Емил Рајковиќ, нашиот стратег и тренер на ЦСКА Москва, заедно со својот тим се наоѓа во Бања Лука каде што се игра силен меѓународен турнир. Секако дека кога си тренер на еден таков гигант како што се „армејците“ тогаш си во центарот на вниманието и кај новинарите.

Секако дека едно од прашањата кон македонскиот стратег беше и СП, поточно утрешното финале меу Србија и Германија.

Уште само еден чекор, еден чекор. Милутинов, Давидовац и Ристиќ се мои играчи, од срце им честитам, како јас да сум со нив таму. Јас сум ги тренирал. Германија? Видете, сега е шанса за злато за Србија“ рече покрај другото Емил Рајковиќ.

ПретходноПролет го демолира Вардар Неготино на стартот на сезоната
СледноДојдоа на Македонија и Италија со пароли дека бараат жени (ФОТО)