Репрезентацијата на Турција е елиминирана од ЕП откако доживеа пораз од Словенија со 3-2 и покрај тоа што имаше предност од 0-2. Турците ги добија првите два сета со 25-20 и 25-22 и чекореа кон нова победа, но се случи чудо.
Словенечките одбојкари се вратија од амбисот. Третиот и четвртиот сет ги добија со 25-21 и 25-23 и го изедначија резултатот. Во решавачкиот сет повторно словенечките одбојкари беа подобри и го добија со 15-13 и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето.
Словенија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од Португалија-Украина.










