Браво: Роналдо и репрезентативците на Мароко покажаа дека имаат големо срце!

945

Познато е дека Мароко го зафати катастрофален земјотрес. Има речиси блиску 1.000 мртви а дека и фудбалерите, оние најголемите светски ѕвезди се со големо срце покажува и потегот на Кристијано Роналдо. Тој својот хотел во Маракеш веднаш го отстапил на луѓето кои останале без покрив над главата. Покрај тоа тие ќе имаат и редовна исхрана, колку што треба денови.

Навистина голем потег од Кристијано кој уште еднаш покажа дека е голем човек како што е голем фудбалер.

Инаку репрезентацијата на Мароко требаше да игра со Либерија,но тој меч поради земјотресот е одложен а репрезентативците на оваа земја веднаш поитаа да дадат крв за тие што им е потребна.

Потег кој наиде на воодушевување кај своите сонародници.

ПретходноДобредојдовте во клубот „50“ (ФОТО)
СледноБум Бум Барди…Италија повторно во солзи! (ВИДЕО)