И кога на крај ќе се сумираат сите работи од дуелот Македонија – Италија, веднаш ти доаѓа на памет да испофалиш се живо што се вели. Најслатко е кога на една Италија уште еднаш ќе и докажеш дека знаеш, дека можеш. И замислете, ова e четврти меч со Италија а ние имаме идентичен биланс, по една победа, две ремија, по еден пораз со гол разлика 5:5.
Вечерва, поточно синоќа, задоволство беше да си на Арената “Тодор Проески“ заедно со сите 28.000 фанови.
И милина на душата кога на терен гледаш како нашите “лавови“ гинат за секоја топка што би рекол капитенот Барди, а од трибините имаш супер поддршка.
Ете ваква Македонија сакаме и во иднина.
Да, сосема за крај…браво момци, браво за селекторот, браво за сите фанови.
Убава, прекрасна септемвриска вечер во Скопје.