Македонската одбојкарска репрезентација и официјално го заврши настапот на Европското првенство. Нашите момци беа поразени од фаворитот Италија со 3-0 во рамките на осминафиналето.
Причина за незадоволство нема. Одбојкарите на овој еврошампионат испишаа историја, за првпат стигнаа до осминафинале.
„Заврши уште една епизода од нашите кариери на едно спекталурно Европско првенство. Тука во Бари ја видовме една неверојатна организација, она што ние го имавме во Скопје го имаше Италија тука. Да не зборавиме игравме против светскиот и европскиот шампион, одамна немам видено некој да демонстрира ваква сила. Беа подобри им честитавме, во вакви моменти нема што да сториме, Италија е сигурен финалист, за вториот е малку рано.
Ја имаме таа среќа и привилегија да игравме против двете најдобри репрезентации, Полска и Италија. Треба да го најдеме задоволството што имавме шанса да играме на еден ваков меч, ваква амтосфера…беше одлично чувство да се игра на едно вакво Европско првенство“, изјави Миленковски од Бари.
На прашањето дали ја гледа Македонија на следното Европско првенство со оглед на тоа дека има репрезентативци кои планираат да ја завршат својата кариера, тој одговори:
„Рано е да зборувм за тоа. Мислам дел од репрезентативците ќе останат да играат до крајот, додека можат да го поднесат тој физички товар, тие се големи фанатици кога играат за својата држава. Може еден или двајца ќе претстанат со активно играње на одбојка, но ќе останат во стручниот штаб. Имаме млади одбојкари кои имаат иднина.
Имавме одлични услови, тоа ни дава право да очекуваме во иднина да биде подобро. Не гледам причина за да се најдеме на ново ЕП, секако зависи од противниците“.