.Бојан Миовски во првото полувреме имаше шанса да ја затресе мрежата на Италија, но за жал неговиот удар со глава заврши покрај голот на Донарума. Македонскиот репрезентативец е задоволен од играта на своите соиграчи и секако ремито, жали што не успеа да се запише во листата на стрелци, но истовремено е среќен бидејќи сите кои добија шанса одиграа лавовски против големиот фаворит.
„Добро започанвме се до мојата шанса, ете се случи да промашам. Навистина ми е жал, но останав сконцетриран до крајот на натпреварот. Креиравме повеќе ситуации за гол, успеавме да реализираме од слободен удар. Во второто полувреме бевме подобри, го заслуживме ова реми“, рече Миовски, кој додаде дека сите момци биле максимално мотивирани.
„Момците беа максимално мотивирани, кај сите имаше голем жар и желба да покажат дека вредиме“.
Македонската фудбалска репрезентација се пакува, следен противник е Малта, за оваа средба Миовски беше краток и јасен.
„Во Малта одиме на три бода, се освен победа ќе биде неуспех. Со ова победа ќе влеземе во трката за второто место во групата“.