Верати ќе игра за Ал Араби, а Де Брујн и Левандовски ги одбија Арапите

204

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне и напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски ги одбија понудите од клубови од Саудиска Арабија. Тие не потклекнаа на богатите понуди од Блискиот Исток и одлучија да останат во Европа и таму да ги завршат фудбалските кариери.

„Сан“ објави дека 32-годишниот Де Брујне, кој долго време е во Сити чувствува дека може да игра на највисоко ниво уште години, но и сака да ја заврши кариерата на „Етихад“.

Неговите соиграчи од Сити, Ријад Марез и Ајмерик Лапорт се преселија во С.Арабија, но не и тој. И Левандовски размислува исто и сака да игра добар фудбал во Европа.

А Марко Верати за кого подолго време се зборува дека ќе замине од ПСЖ, ќе се пресели во Ал Араби oд Катар. Тој не е потребен на Луис Енрике, клубот не го пријави за настап во ЛШ, па логично беше негово заминување. Се зборува дека Ал Араби веќе се договорил со ПСЖ и ќе плати 45 милиони плус 10 милиони евра во бонус за услугите на 30-годишниот Италијанец. Трансферот ќе биде комплетиран до вторник.

Ал Араби е седумкратен шампион на Катар но на последната титула се радувал во сезоната 1996/97. Минатата сезона го освои Купот на Емирот.

ПретходноГерманија поразена од Јапонија со 1:4, Фликс смирува: Јас сум вистинскиот селектор
СледноКејн ја кажа разликата меѓу Тотенхем и Баерн и ги појасни причините за трансфер во Минхен