По пријатен лет кој траеше околу час и 20 минути, нашата експедиција со фудбалерите пристигна на аеродромот на Малта каде во вторник ќе го одигра својот натпревар против домашната селекција во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024.
И се знае дека Дијамантот е голема ѕвезда,па така и на Малта. Имено само што излезе од авионот Елмас веднаш беше “нападнат“ од вработените на аеродромот, за селфи. Елмас тоа низ насмевка им го дозволи, а на нивната среќа и немаше крај.