Фудбалската селекција на Србија ја оствари третата победа во квалификациите за ЕП, откако денеска на гостувањето во Литванија славеше со 1:3. Сите три гола за српскиот национален тим ги постигна Александар Митровиќ. Првиот гол Митровиќ го постигна во 21. минута, а потоа дојдоа и оние во 32. и 43. минута. Иако Литванија до полувреме успеа да намали, во вториот дел не најде начин да им парира на гостите.
Во групата Е голема победа славеше Албанија против Полска во Тирана. Албанците победиа со 2:0, а головите ги постигнаа Асани во 37. минута и Даку во 62. минута. Особено впечатлив беше голот на Асани со кој поранешниот фудбалер на Вардар ги доведе домашните во водство во првиот дел. Албанија е лидер во групата со 10 бода од пет меча, пред Чешка која има 8 бодови и меч помалку.
Холандија извојува вредна победа на тешкото гостување во Даблин кај Р. Ирска со 1:2. Иако домашните поведоа во третата минута преку Ајдахо од пенал, пресвртот за избраниците на Роналд Куман го направија Гакпо од пенал во 19. минута и Вегхорст во 56. минута.
Квалификации за ЕП 2024
Денеска:
ГРУПА Б
Грција – Гибралтар 5:0
Р. Ирска – Холандија 1:2
ГРУПА Е
Фарски О. – Молдавија 0:1
Албанија – Полска 2:0
ГРУПА Г
Црна Гора – Бугарија 2:1
Литванија – Србија 1:3
ГРУПА Х
Казахстан – С. Ирска 1:0
Финска – Данска 0:1
Сан Марино – Словенија 0:4