Синоќа во меч од квалификациите за ЕВРО 2024, Португалија и без Кристајано Роналдо успеа просто да го растури Луксембург со 9:0. Некогашниот европски првак имаше шанси и за уште некој гол против сиротите Луксембуржани кои не знаеја каде се наоѓаат.
Депримиран од резултатот и од настаните на теренот, селекторот на гостите Лук Холц уште кога беше 8:0 за Португалија ја напушти клупата и си замина во соблекувалната и токму затоа не го виде последниот гол, оној деветтиот кој што го прими неговата екипа.
Пример како не треба да се однесува еден тренер и селектор, како тоа да ги остави своите играчи а тој да си замине.
Luxembourg's manager just abandoned his players after the 8th goal, he walked back to the dressing room by himself 😭pic.twitter.com/WbpcD3O8TQ
— Football Report (@FootballReprt) September 11, 2023