„СпортСпорт“ во Малта, Игор Д. Ивановски
Полека но сигурно се загрева атмосфера на Малта на нешто повеќе од три часа до почетокот на мечот Малта – Македонија. Секако дека “Фалангата“ си има свое шоу како и секаде,како и секогаш кога игра Македонија. Како што се гледа од фотографиите весело е, убаво е да си Македонец, сите се очеување на победа на Македонија. Има македонски фанови од Равена (Италија), припаднаци на навивачката група “Војводи“ кои секако дека ќе навиваат за Елмас, Барди и останатите наши фудбалери да дојдат до трите бода.