Владата на Србија парично ќе ги награди кошаркарите за светското чудо

377

Кошаркарите на Србија приредија вистинско изненадување на Светското првенство кое штотуку заврши. Светислав Пешиќ на Мундобаскетот не можеше да смета на сите кошаркари почнувајќи од Никола Јокиќ, па ретко кој очекуваше дека оваа земја ќе дојде до финалето, каде како победник излезе Германија.

Владата на Србија веќе донесе одлука и парично ќе ги награди своите репрезентативци. Секој кошаркар ќе добие по 25.000 евра, а истата награда следува и за Светислав Пешиќ.
ПретходноСандер Сагосен доаѓа во Битола!
СледноБум-бум Елмас – гол за водство на Македонија против Малта (видео)