Репрезентативниот стопер Ѓоко Зајков до раните утрински часови беше на прегледи во болница во Малта, по вчерашниот незгоден пад во второто полувреме на средбата од квалификациите за ЕП 2024.
Според последните информации, за среќа, повредата не е сериозна и стоперот може да здивне, иако сето она што се случуваше во таа 77. мунута не изгледаше добро. Лекарскиот тим веднаш алармираше на можна посериозна повреда на грбот и ’рбетниот столб, но за среќа, па ние моравме да направиме принудна замена, а Зајков беше изнесен на носилки.