Македонската фудбалска репрезентација синоќа оствари многу важна победа во рамките од тековните кваликации против Малта на гостински терен. Конечните 0:2 беа дело на Елиф Елмас, нашиот проверен стрелец, но и Јован Манев кој покажа дека покрај неоспорните дефанзивни вештини има и тоа како во себе и напаѓачки. Погоди со глава за двојно водство, кое ни донесе мир и стабилност во остатокот од мечот.
Стоперот на Адана се вдоми во стартните единаесет на Благоја Милевски и тешко сега дека некој ќе може да го извади од таму.
„Честитки за победата. Многу важен триумф. Испочитувавме се што беше анализирано, подготвено од страна на селекторот и стручниот штаб. Се гледаме за еден месец кога на програмата го имаме мечот против Украина, а сега е време да се посветиме на клупските обврски, па полни со мотиви да се вратиме во репрезентацијата“ – изјави меѓудругото Манев.