Последните истражувања на Фудбалската опсерваторија CIES, покажале дека Манчестер Јунајтед потрошил најголема сума на пари за да го има составот што го има во моментов. Клубот од „Олд Трафорд“ потрошил вкупно 1,150 милијарди евра на играчите што моментално ги има.
По позиции тоа некако би изгледало вака. Цели 61 милион се потрошени за голмани, 383 милиони за дефанзивци, 296 за играчи од средниот ред и 411 милиони за напаѓачи. Интересно е што Јунајтед по овој показател го надминува дури и Челзи кој изминативо период донесе се што можеше да се донесе . Клубот од Лондон се прославија со трошењето во последната година, кога „фрли“ речиси милијарда на нови играчи. Речиси целиот состав беше обновен во овој период. Сепак, CIES проценува дека сините инвестирале точно 1,134 милијарди евра во нивните сегашни играчи.
На третото место е Манчестер Сити, додека потоа следува ПСЖ. Токму клубот од Париз, заедно со Реал Мадрид се единствените два клуба кои се во првите десет во оваа категорија, а не се од Премиер лигата.