Карлос Алкараз по елиминацијата во полуфиналето на УС Опен одлучи да замине во Мурсија и таму да ужива гледајќи борба со бикови. Ваквиот потег на младиот Шпанец кој со брзина на светлината стана се проби во светскиот тениски крем не им се допадна на оние кои најмногу ги штитат животните.
Организацијата за заштита и права на животните „ПЕТА“ го опомена Алкараз.
„Карлос, борбите со бикови се тортура, а не култура. Нема ништо смешно во прободувањето и мачењето животни – а повеќето млади луѓе во Шпанија не гледаат на борбите со бикови како на крвав спорт. Ве молиме да не ја поддржувате борбата со бикови“, стои во соопштението на организацијата ПЕТА, која претходните денови беше „информирана“ дека Карлос Алкараз е главна фигура на трибините, а сигурно и многу луѓе дојдоа да го видат.
Tennis is a sport; animal abuse is NOT @CarlosAlcaraz!
STOP supporting bullfighting! ❌ pic.twitter.com/CPsVtb3cD5
— PETA (@peta) September 12, 2023