Шампионот подготвува тим за ЛШ: По Бен Талеб уште еден Тунижанец во дресот на Струмица

359

Нашиот шампион во машка конкуренција, Струмица, засилено се подготвува за новото европско претставување во најсилното одбојкарско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ. Нашиот првак кон крајот на следниот месец во првата фаза на натпреварувањето оди на турнирот во Бургас, каде ќе се бори за едно од двете места кои водат во втората фаза од квалификациите за влез во главната рунда на Лигата на шампионите.

За таа цел, раководството на тимот деновиве е растрчано за да го комплетира ростерот кој ќе има достоинствено преставување во најсилното клупско натпреварување. По најавта дека е договорен трансферот на Бен Талеб кој по една сезона се враќа во „старото јато“, Струмица деновиве договори уште едно засилување од Тунис.

Овој пат во Струмица ќе пристигне Саад Ом Хени, кој треба да ја засили позицијата коректор. Станува збор за одбојкар кој во дресот на нашиот првак доаѓа од тунискиот клуб Сфакс.

Претседателот Милев се уште е во потрага и на адекватно странско засилување на центарската позиција, но засега клубот се уште нема потпишано договор со неколку од имињата со кои се разговара.

ПретходноОчекувано: Барнли не го пријави Чурлинов за настапите на тимот оваа есен во Премиерлигата!
СледноПолска го урна проклетството наречено Словенија и по 14 години ќе игра финале на ЕП