Тиаго Алкантара сака да го напушти Ливерпул. Според шпанскиот весник „АС“, Трабзонспор сака да го ангажира 32-годишниот играч од средниот ред пред затворањето на преодниот рок. Самиот фудбалер е заинтересиран да се пресели во турскиот клуб, но стручниот штаб на Ливерпул претпочита тој да остане.
Трабзонспор на играчот му нуди двегодишен договор со можност за продолжување на една сезона. Зделката е комплицирана поради тоа што на клубот му остануваат уште помалку од 48 часа да ја заврши, а Ливерпул нема намера да го продаде Шпанецот.