Четворица фудбалери од младинскиот тим на Реал (М) уапсени поради секс скандал

334

Реал Мадрид ги потврди наводите на шпанските весници дека неколку играчи на вториот и третиот тим се поврзани со секс скандал.

Претходно се појавија информации дека 3 играчи на мадридскиот клуб се уапсени под сомнение дека дистрибуирале секс видео во кое учествува малолетничка. Реал Мадрид излезе со официјално соопштение во врска со оваа ситуација во кое се вели дека има четворица приведени.

„Кралскиот клуб“ соопшти дека еден играч од вториот тим и тројца играчи на Реал Мадрид Ц дале изјави во полиција во врска со жалбата за наводното ширење на лично видео на WhatsApp.

„Кога клубот ќе биде детално запознаен со фактите, ќе преземе соодветни мерки“, соопштија од Реал Мадрид.

ПретходноМЗТ Скопје А. победи на пријателски меч со Гостивар
СледноЈелена Антиќ го објави пензионирањето од кошарката