Големи возбудувања деновиве има во тенискиот Дејвис куп на дуелите од кои ќе ги добиеме патниците на завршниот турнир во Малага. Особено бурно беше на дуелот меѓу САД и Холандија, каде инцидент предизвика американскиот тенисер Френсис Тиафо.
11-от тенисер во светот бркаше негатива што ја имаше неговата репрезентација на мечот со Холандија по поразот на Томи Пол од Ботик ван де Зандшулп (7:6, 6:2). Тиафо играше против 24. играч во светот Талон Грикспор и го загуби првиот сет со 6:3, а вториот сет го доби во тај-брејк со 9:7.
Драма следуваше во третиот сет, каде во тај-брејкот Холанѓанецот поведе со 5:2 и сервираше ас кој беше исклучен. Откаки Грикспор го доби поенот за 6:2, Американецот почна да дивее. Тој му се нафрли на судијата, поради што беше санкциониран, со шрто Грикспор дојде до 7:2 и го реши мечот во своја полза.
CRAZY drama to finish 😱
Tiafoe and USA lose the match and tie to a POINT PENALTY!#DavisCup pic.twitter.com/3ZNjxhL0vF
— Tennis TV (@TennisTV) September 14, 2023