Поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман, наскоро ќе ја преземе селекторската палка во германската фудбалска репрезентација. Ова го објави инсајдерот Николо Шира на својот Твитер профил.
Според него, раководството на Германскиот фудбалски сојуз му понудило на 36-годишниот Германец договор до 2026 година. Преговорите меѓу страните продолжуваат деновиве, а вчера и весникот „Билд“ потврди дека Нагелсман е во напредни преговори со Федерацијата.
Имаше информации и дека Баерн е подготвен да го ослободи Нагелсман од актуелниот договор доколку Германскиот фдубалски сојуз се согласи да му ја исплати преостанатата плата.