ФАКТИ пред 238. миланско дерби: Петтипат во 2023 година, Лаутаро како Џузепе Меаца…

354

Милано се подготвува за големото дерби. Утре (18 ч.) Интер и Милан ќе ги „вкрстат копјата“ во првото големо дерби од новата сезона. Во пресрет на дуелот на „Меаца“, еве 10 интересни факти за досегашните пресметки на лутите градски ривали:

🇮🇹 Ова ќе биде 238. дерби меѓу Интер и Милан вклучувајќи ги сите натпреварувања. Билансот е во корист на „нероаѕурите“: 89 победи наспроти 79 порази и 69 меча кои завршија нерешено. Меѓу првото дерби и утрешното, поминаа 114 години.

🇮🇹 Ова е петто миланско дерби во тековната 2023 година. Досега никогаш не се одиграле толку многу градски пресметки во една календарска година. Ова ќе биде второ во лигата покрај двете во полуфиналето на Лигата на шампионите и она од Суперкупот на Италија минатата сезона.

🇮🇹 Досега сите дербија во 2023 година ги добија фудбалерите на Интер со серија од 7-0. Интер со утрешниот натпревар има можност за првпат во својата историја да победи во пет последователни градски пресметки. Во меѓувреме, Интер веќе постави рекордот со четири последователни пресметки против Милан во кој не дозволи да прими гол.

🇮🇹 Од сезоната 2016/2017, Милан победи само на четири од 24 одиграни дерби дуели со Интер.

🇮🇹 27 пати дуелите меѓу Интер и Милан завршија о резултат 1-1, кој е најчест резултат во миланското дерби. Последен пат така беше на 7 ноември 2021 година.

🇮🇹 Изгледа чудно, но Интер и Милан за првпат ќ/е се соочат како тимови кои го делат врвот на табелата по досегашните стартни кола од новата сезона. Тоа веќе се случи на 4 февруари 1962 година кога Интер победи со 2-0, а Скудетото на крајот го освоија „росонерите“.

🇮🇹 Во последните 10 градски пресметки, освен ремито 0-0 во Купот на Италија во 2022 година, секогаш Интер беше тој што го постигнуваше првиот гол на натпреварот.

🇮🇹 Аргентинецот Лаутаро Мартинез веќе има постигнато 8 гола на мечевите против Милан (4 во првенството, 2 во Купот на Италија и по 1 во Лигата на шампионите и Суперкупот). Во Интер, само Џузепе Меаца (12) и Стефано Најерс (11) имаат повеќе голови од Лаутаро против „росонерите“.

ПретходноКристијан Грчевски е нов в.д. селектор на женската ракометна репрезентација
СледноХандановиќ објави пензионирање, но ќе остана и натаму во Интер