Новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ објави список од 24 играчи за подготовките за настап на Европското првенство. Собирот е закажан за во недела, повратници во составот се Марјан Урдов и Марко Јуниор Стошиќ.
По зваршувањето на подготвителниот дел во Маврово, македонскиот национален состав ќе ја почне фазата со одигрување пријателски натпревари, меѓу нив е традиционалниот турнир „Чајка“, како и во „Стожице“, прв ривал на Европското првенство и овој пат ќе ни биде Финска која сега ќе игра на домашен терен. Тој натпревар, можеби и клучен за нашите амбиции да играме осминафинале, е закажан на први септември, два дена потоа ќе се сретнеме со Холандија, на петти ќе ги одмериме силите со Турција, на шести ќе сервираме против Шпанија, а во последното коло на осми септември противник ќе ни биде великанот Русија.
Список македонски репрезентативци за подготовки за ЕП 2021
Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Марко Јуниор Стошиќ, Ефтим Ричлиев
Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов, Марјан Урдов
Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Васе Михаилов, Лука Костиќ
Блокери: Филип Маџунков, Ристо Николов, Иван Андонов, Славе Наков, Филип Савовски, Филип Лепидовски
Либера: Дарко Ангеловски, Филип Николовски
*** Резерви: Давид Стојанов (техничар), Михајло Мирасчиев (коректор/блокер), Тино Шулајковски (блокер), Блертон Бафтијари (примач)
***Костиќ, Савовски, Арсов и Лепидовски ќе се приклучат на подготовките по Балканијадата во Приштина за играчи до 20 години