Александар Трајковски и официјално е нов играч на тимот на Хајдук. Искусниот македонски интернационалец и репрезентативец пристигна во Сплит, а легендарниот клуб го претстави на екстра начин, кој ретко кој го очекуваше.
Во Сплит низ годините минале многу наши играчи, како во екс Југославија, така и во поновата историја на Македонија. Трајковски е следниот, а потпиша договор до 2025 година.
„Прекрасно е чувството да се биде дел од Хајдук. Едвај чекам да се приклучам на тимот. Ја познавам добро ХНЛ, играв тука одамна. Сега сум пак тука, и среќен сум што ќе играм во така голем клуб. Имам доста искуство, минав низ неколку силни лиги, имам многу настапи за репрезентацијата, и се надевам дека на Хајдук ќе му помогнам да стигне до големи успеси“ – изјави Трајковски на промоцијата