Откако си замина од швајцарски Сион, иако имаше понуди од клубови и од С. Арабија, сепак контроверзниот Марио Балотели одлучи да се врати во Турција, да се врати во Адана Демирспор, кадепто и беше претходно. Оваа вест и официјално ја потврдија од клубот потенцирајќи дека со интернационалецот од Италија потпишан е договор со важност на 1+1 година.
Инаку Балотели играше за Адана Демирспор во периодот од јули 2021 до август 2022 година. Одигра 35 натпревари а постигна 19 голови.
🆕 Kulübümüz, Mario Balotelli ile 1+1 yıllık anlaşmaya varmıştır. pic.twitter.com/VqRen0wR6y
— Yukatel Adana Demirspor (@AdsKulubu) September 15, 2023
⚡️🤝 Super Mario geri döndü. 😍@FinallyMario pic.twitter.com/xtF1a7Wgll
— Yukatel Adana Demirspor (@AdsKulubu) September 15, 2023