Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, веднаш покажа дека си ја знае својата работа. Успеа да го дигне Тотенхем иако тимот остана без иконата Хари Кејн. Токму затоа Австралиецот кој ова лето дојде од Селтик во Тотенхем, е избран за менаџер на месец август во Премиерлигата. И тоа пред еден Пеп Гвардиола, Микел Артета и Јирген Клоп. Тотенхем со новиот стратег одлично стартуваше во новата сезона во ПМФЛ и после четири кола се наоѓа на второто место на табелата.