Динамо не се откажува од сонот: Добитникот на „Златна топка“ може да стане соиграч на Адеми и Ристовски

443

Лука Модриќ одби бројни понуди од арапските клубови ова лето. Целта на капитенот ма хрватската репрезентација е да игра на врвно ниво барем уште една година. Со 38 години, Модриќ и натаму е важен дел од тимот на Реал Мадрид.

По оваа сезона, Модриќ би можел да се врати во Динамо Загреб, тимот за кого настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Неодамна на својот „Фејсбук“ профил хрватскиот тим излезе со објава за него „Има смисла“, а сега претседателката на управата на овој клуб, Влатка Перас истакна дека интезивно работат да ја остварат оваа цел за следната сезона.

„Тој е во последната година од неговиот договор. Јас ќе го побарам зимоска. Секако дека Динамо сака да го врати Модриќ. Не можам да кажам дека сме во постојан контакт, но ги познавам членовите на неговото семејство. Има смисла да се врати во Динамо, зошто да не. Ние како клуб ќе сториме се за да го оствариме тоа. Е, сега дали тоа ќе биде доволно, останува да видиме“, изјави таа „Индекс.хр“.

Модриќ во Динамо Загреб дојде од Задар кога имаше 15 години, три сезони подоцна беше пратен на позајмица во Зрински, по што замина во Интер Запрешиќ, а од таму во период од 2005 до 2008 година беше главен играч на Динамо Загреб. После четири сезони во Тотенхем замина во Реал, што беше најголем трансфер на Балканот.

ПретходноТаткото на Шелтон изјави дека Ѓоковиќ бил злонамерен!
СледноБрера му го гостува на Шкупи, тимот кој што пет години го нема победено во ПМФЛ…деби на Жижовиќ!