Енрике по поразот: Не сум загрижен, задоволен сум од она што го прикажавме!

174

Под водство на Луис Енрике, ПСЖ го бележи најлошиот старт во ерата на Катарците. Францускиот првак синоќа беше совладан од Ница со 2-3 на домашен терен и во моментов се наоѓа на третото место на табелата во тамошниот шампионат.

Ниту поразот, ниту играта засега не го загржуваат предводникот на ПСЖ. Напротив тој по мечот истакна дека е задоволен од играта на својот тим, и не гледа причина за загриженост.

 „Задоволен од играта што ја прикажа мојот тим. Навистина сум задоволен. Кога даваш 100% за што би се пожалил. Имаме простор за напредок, свесни сме за тоа, но нема простор за да бидам загрижен. Ница одигра одлично и остана непоразена. Им честитаме за победата, нам ни останува да работиме“, е дел од изјавата на Енрике по првиот пораз оваа сезона.

ПСЖ по пет кола има уште две победи и две ремија.

ПретходноСудиската организација бара извинување од Борко Ристовски: Дали ова е притисок врз службените лица пред дерби дуелот?
СледноТиквеш по цел плен во Аеродром, Голден Арт во Неготино!