Митровиќ: Ал Хилал е како Реал Мадрид, затоа и дојдов

365
ФОТО: FC AL-Hilal/FB

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ откри зошто потпишал договор со Ал Хилал од Саудиска Арабија, најтрофејниот тим од Азија. Тој на четири натпревари постигна пет голови.
Не чувствувам носталгија за Англија и покрај тоа што таму поминав многу години. Сепак, среќен сум што конечно дојдов во врвен клуб. Ал Хилал е нешто како Реал Мадрид во Европа. Задоволен сум овде и сакам да направам големи работи и да освојам што е можно повеќе трофеи“, изјави Митровиќ.
Ал Хилал четири пати бил шампион на Азија, а на претходното клупско Светско првенство беше поразен во финалето.

ПретходноВаков автогол “Максимир“ не памети….играше и Адеми! (ВИДЕО)
СледноИнтер е газда на Милано: “Неро – аѕурите“ го декласираа Милан! (ВИДЕО)