Голужа и ППД Загреб ја завршија соработката

151

Екипата на Загреб, кој е еден од противниците на макеоднскиот шампион Е. Пелистер го смени тренерот. Како што вечерва објавија хрватските медиуми, Славко Голужа повеќе не е тренер на првиот тим на Загреб.

„Раководството на ракометниот клуб Загреб и тренерот Славко Голужа меѓусебно ја прекинаа досегашната соработка“, се вели во соопштението на хрватскиот шампион.

Ова беше трет мандат на Голужа на клупата на ракометниот клуб Загреб, а функцијата ја извршуваше од втората половина на ноември минатата година.

Во продолжение екипата ќе ја води тренерот Андрија Николиќ, кој му беше помошник на Славко Голужа.

ПретходноТен Хаг по поразот од Брајтон: Видов и некои добри работи!
СледноМанев со пораз дебитираше за Осијек