Милан Поповиќ ги напушта редовите на Металург, тврдат црногорските медиуми. Левото крило после две години минати во дресот на тимот од Автокоманда се сели во Романија, поточно во составот на Стеауа Букурешт.
Поповиќ со романскиот тим потпишал двегодишен договор. По добрите партии во Металург, на неговата адреса стигнала понуда од Португалија, но сепак си пружил рака со раководството на Стеауа.