Ибраими вчера дојде до голот бр.190 во ПМФЛ: Струга ТЛ не крие, одиме по нова титула!

360

 

Струга ТЛ вчера во меч од 7.коло во ПМФЛ го “освои“ Штип. Ја победи Брегалница, и го нанесе првиот пораз  сезонава на нејзин терен со 1:3 и покажа дека одново има највисоки амбиции. Сега Струга ТЛ има 9 бода,четири помалку од водечките Шкендија и Брера, но има и три меча помалку одиграно.

Се разбира дека во преден план е “кралот на головите“, Бесарт Ибраими, кој во Штип го постигна 190. гол во својата кариера во ПМФЛ.Недостасуваат само уште 10 до таа фамозна бројка од 200 голови.

Токму Ибраими за „СпортСпорт“ истакнува:

„Да, уште 10 голови и ќе дојдам до таа бројка од 200 голови што е голема работа за мене. Ако се биде како што треба во текот на оваа сезона ќе дојдам до тие 200 голови. Сепак поважно е што прави мојот тим, Струга ТЛ.Оваа победа во Штип многу ни значи. Брегалница е силна екипа, ама ние покажавме зошто сме шампиони. И не криеме, и оваа сезона одиме по нова титула. Имаме квалитет, за време на паузата добро се одморивме, допрва Струга ТЛ ќе покажува квалитет и ќе победува во нашата елитна лига“ посочи “бомбардерот“ на Струга ТЛ, Бесарт Ибраими.

Да кажеме дека со овој негов најнов гол, четврти сезонава, изби на чело на листата на стрелците во ПМФЛ во оваа сезона, биланс кој може да се поправи ако се знае дека Струга ТЛ е во минус од три меча за разлика од останатите екипи.

ПретходноРеал со пресврт го совлада Сосиедад за „пет од пет“ во Ла Лига (видео)
СледноСамо небото е граница: Чудесниот Дуплантис со нов светски рекорд (ВИДЕО)