Тренерот на Лапи: Шкупи победи со две шанси, оваа негатива е достижна

643

Тренерот на Лапи, Тахир Бататина незадоволен од изданието на својот тим во Скопје, но имаше замерки и на судењето. Смета дека оваа негатива е достижна на реваншот.

„Дојдовме да играме отворен фудбал, да не примиме брзо гол. Првиот гол го примивме наивно. Се вративме играчки, но не и резултатски. Сметам дека два фаула на Шкупи се спорни. Иако се работи за европски судии, и тие грешат. Одиме дома сега да се подготвиме. Шкупи е добар тим, ама ќе се обидеме да ја анулираме негативата. Нема голема разлика од косовската и македонската лига. Кај нас многу се вложува во фудбалот. Шкупи победи со две шанси, но лично сметам дека негативата е достижна“, рече Бататина.

ПретходноШкупи со солидна предност од 2:0 пред реваншот со Лапи
СледноСедлоски: Заслужена победа, но ништо не е готово, стоиме цврсто на земја