Гвардиола си има проблеми: Ќе мора против Ц. Звезда да играме со вториот тим!

1472

 

Во пресрет на утрешниот меч од Лигата на Шампионите протв Ц. Звезда, во рамките на 1.коло во групата – Г, стратегот на европскиот првак Пеп Гвардиола не криеше дека има големи проблеми со повредите во тимот.

“Имаме проблеми со повредите. Де Брујне и Стоунс уште се надвор од тимот, не знам што е со Ковачиќ и Грилиш. Ќе мора против Ц.Звезда да играат и играчи кои досега не биле во преден план.И не е само овој меч, ние мораме да сметаме и на наредните натпревари. Имаме проблеми за наредните пет средби, не е само утрешниот меч“ се пожали Пеп.

ПретходноЗлатан направи потег со кој ги воодушеви сите фанови на Милан! (ВИДЕО)
СледноНекогашна победничка на Вимблдон: Новак само затоа што е Србин нема статуа во секој град!