Почнувајќи од денеска, најсилното клупско натпреварување на планетата, Лигата на шампионите, се враќа на стадионите и на тв-екраните пред најголемите фудбалски фанови. Се е подготвено за новата луда трка по „пехарот со уши“, кој од пред неколку месеци за првпат ги краси витрините на англискиот шампион Манчестер Сити.
Во очи на првите денешни средби, стигнаа и компјутерските прогнози (симулации) околу процентот на шанси со кои најголемите фаворити влегуваат во битка за европскиот трон. „TheAnalyst“ направи компјутерска симулација која вклучува над 10.000 можни комбинации на резултати, кои го ставаат Сити како убедлив фаворит за освојување на титулата и оваа година.
Суперкомпјутерот на Opta процени дека шамнсите на Сити за одбрана на титулата се високи 38,9%.
Баерн Минхен (10,9%) и Арсенал (8,7%) се сметаат за најсилни ривали на освојувачот на тројната круна од минатата сезона. По две децении оддалеченост од турнирот, Њукасл има поголеми шанси за победа од европските „тешкаши“ ПСЖ, Милан и Дортмунд.