Рафаел Надал вчера потври дека 2024 ќе биде година во која ќе оди во пензија. Тој дури осум месеци е надвор од терените, а причината се двете операции кои мораше да ги направи.
„Реков дека 2024 година најверојатно ќе биде мојата последна година. Можам да потврдам 100%, се уште не сум сигурен. Мојата идеја не е да се вратам и да ги освојам Ролан Гарос и Австралијан опен. Тоа за мене е далеку“, рече Надал, а потоа додаде:
„Дали би сакал да бидам тенисер со најмногу Грен слемови? Без никакви дилеми, но тоа не ме фрустрира“.
Шпанскиот тенисер потоа испрати порака до Ѓоковиќ:
„Мислам дека Новак го доживува многу појако, многу поинтезивно од мене и затоа мислам дека е помалку опседнат со тоа“.