Јоаким Лев нов селектор, Месут Озил прв човек на фудбалот во Турција!?

612

Големи превирања има во националниот тим на Турција, кој го отпушти досегашниот селектор Штефан Кунц по поразот од Јапонија.

Сегам се лицитира со неговиот наследник, а главен фаворит е долгогодишниот кормилар на Германија, трофејниот Јоаким Лев. Германските медиуми ја пренесуваат оваа информација со нагласок дека Лев би прифатил заедно во пакет со германската фудбалска легенда Месут Озил. Тој само што престана активно да игра пред шест месеци, а веќе му е понудено да биде прв човек на фудбалот во Турција.

Секако, според властите таму, Лев и Озил би биле добитната комбинација во моментов со оглед на нивниот многу глизок однос во текот на годините.

Озил е сериозен авторитет во Германија но уште поголем во Турција, каде што изгради извонредни односи и со фудбалските власти, но и со првиот човек на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

 

ПретходноГостивар ќе менува пак, ама овојпат тренер и спортски директор
СледноИвановски со победа го стартуваше фјучрсот во Сетубал