Милан со многу шанси, ама само до бод со Њукасл, триумф на Лајпциг во Берн! (ВИДЕО)

64

Во меч од групата – Ф на „Сан Сиро“, Милан иако беше далеку подобар тим, посебно во првото полувреме, имаше неколку шанси, но сепак мора да се задоволи само со бод против Њукасл. Овој меч заврши со резултат 0:0, па така тимот на Пиоли може да жали за двата останати бода.

Ова беше емотивна вечер за Тонали,играчот за врска на тимот од Англија ако се знае дека пред неколку месеци токму од Милан направи трансфер во Њукасл.

На натпреварот од групата – Г, Лајпциг како гостин со 1:3 успеа да го победи Јанг Бојс и да ги освои првите три бода. Симакан, Шлагер и Шешко беа стрелци за германскиот тим, додека стрелец за домашниот состав беше Елиа.

ПретходноИнтересно: Нигериецот на Струга ТЛ знае да дава голови само против Брегалница!
СледноПартизан е првиот финалист во АБА Суперкупот, Мекиќ за Задар реализираше 8 поени!