Денеска на тренингот на Хајдук и Алекс Трајковски, македонскиот репрезентативец, херојот од Палермо. Алекс во целост му се стави на располагање на стручниот штаб на тимот од Сплит за подготовките за следниот меч на тимот и тоа против Локомотива. Ова за Македонецот беше прв тренинг со својот нов тим. Инаку фановите на Хајдук, како и целата спортска јавност во Хрватска, а посебно во Сплит очекуваат многу од нашиот фудбалер.
Целта е јасна, да се донесе титулата под Марјан по цели 18 години, но за тоа се прашуваат секако и Адеми и Ристовски.