По сензационалното водство на Ц. Звезда по првото полувреме на „Етихад“, на гости кај еропскиот првак од 0:1, сепак на крајот работите си дојдоа на своето место. Манчестер Сити со пресврт дојде до победа од 3:1. Херој беше Алварез со два гола, а третиот беше дело на Родри.
Сепак треба да се каже дека Ц. Звезда одигра херојски, сосема добро ако се знае кој е Сити.
Барселона на “Монжуик“ со 5:0 го победи Антверпен, два гола беа дело на Жоао Феликс. ПСЖ со 2:0 на свој терен славеше против Дортмунд, а Атлетико Мадрид како гостин во последните секунди испушти победа кај Лацио, додека Порто беше убедлив на гостикај кај Шахтјор.
РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ:
БАРСЕЛОНА – АНТВЕРПЕН 5:0
(Жоао Феликс 11.,66., Левандовски 19.,Баталие (авт) 22.,Гави 54. /)
ФЕЕНОРД – СЕЛТИК 2:0
(Стенгс 45.,Јаханбакш 76./)
ЛАЦИО – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:1
(Проведел 90+5./Бариос 29.)
МАНЧЕСТЕР СИТИ – Ц. ЗВЕЗДА 3:1
(Алварез 47., 60., Родри 73./Букари 45.)
ПСЖ – ДОРТМУНД 2:0
(Мбапе (п) 49., Хакими 58.)
ШАХТЈАР – ПОРТО 1:3
(Келси 13./Галено 8., 15., Тареми 29.)