Проведел: Не ми се верува дека постигнав гол (ВИДЕО)

752

По синоќешното коло во Лигата на Шампионите, премиерно за сезонава, целиот свет зборува за голманот на Лацио, Иван Проведел, и неговиот сензационален погодок за изедначување против екипата на Атлетико Мадрид.

Резултатот беше 0:1, Лацио имаше уште само еден напад на располагање. Луис Алберто одлично нафрли, а Проведел, на кого противничките дефанзивци тотално заборавија во манир на екстра стрелец со глава погоди за злато вреден бод.

„Неверојатни емоции, уште не ми се верува што се случува. Не можам да си поверувам на самиот себеси дека постигнав гол. Најважно е дека освоивме бод, кој го заслуживме и претходно во мечот. Сега се вртиме кон шампионатот“ – изјави Проведел.

Тој и нема некоја посебно квалитетна кариера досега, има 29. години во Лацио пристигна минатата година.

ПретходноПроведел е херојот на вечерта: Голманот на Лацио со супер гол во 95.минута му донесе бод на својот тим! (ВИДЕО)
СледноБахар: Игравме колку што можеме, а ме интересира само Партизан (ВИДЕО)