Стартот на првото коло од Лигата на Шампионите синоќа беше означен со едноминутно молчење по повод настраданите жртви од земјотресот во Мароко и поплавите во Либија каде што починаа илјадници граѓани на овие земји.
Се беше во ред и во Манчестер каде што Сити ја нагости Црвен Звезда, но и во Рим каде што Лацио беше домаќин на Атлетико Мадрид се до моментот кога молкот стартуваше.
Во тој момент навивачите на Звезда однодсно Атлетико, и во двата случаји гости, го прекршија молкот, за да извикуваат погрдни слогани кон домашните.
УЕФА секако дека во првиот слободен термин ќе заседава и дисциплински ќе ги газни обата клуба за овој гнасен чин на навивачите.
— ˚₊· ͟͟͞͞➳❥ (@tavolettarossa) September 19, 2023