Кари е вистинска машина, погоди 103 тројки без да промаши (ВИДЕО)

236

Голден Стејт на своите социјални мрежи објавија неверојатно видео на кое може да се види Стеф Кари како стои во аголот на теренот и шутира во кошот цели пет минути без промашување. Видеото очекувано стана вирално, а навивачите избројаа 103 тројки без промашување.

Кари е најдобриот шутер на сите времиња по бројот на постигнати тројки, има 3.390 тројки од 7.929 обиди. Зад него е Реј Аленс со 2.973 тројки од 7.429 обиди.

ПретходноАдвокатскиот тим на Новак со порака до сите во регионот: Бидете внимателни!
СледноМекиќ и Задар шестти во Супер-Купот на АБА!