Очекувано сценарио во Алборг. Македонскиот првак, Пелистер го запиша вториот пораз во Лигата на шампиони, откако беше совладан од данскиот тим со 38-23 (18-10) во рамките на второто коло.
Петровиќ со седум гола беше прв стрелец кај битолчани, Лесјак и Кизиќ имаа по пет одбрани. На другата страна Влах имаше седум гола, Хансен запиша пет.
Битолчани беа рамноправен противник до пред средината на првото полувреме, кое го отвори со 1-3 и 2-4. Алборг се врати, мечот влезе во неколку минутно надигрување, по што домашниот состав го наметна својот силен ритам, со серија од 5-0 поведе со 13-8, па со 15-9. Ова беа тешки минути за битолчани, на одморот заминаа со негатива од 18-10
На самиот стартот на вториот дел, Алборг дојде до позитива од девет гола (19-10), тука беше јасно дека овој меч ќе оди само во еден правец. За избраниците на Александар Јовиќ беше навистина тешко да се спротистават на еден тим како што Алборг.
Домаќинот со серија од 7-0 поведе со 29-14 на средината на второто полувреме, во меѓувреме Јовиќ повика тајм-аут, сакаше да ги спречи своите играчи да излезат од она што било договорено, но не успеа. До крајот се играше без притисок и тензии, единствена дилема беше конечниот резултат.
Во следното коло, Пелистер на домашен терен го пречекува Кил, уште еден тежок предизвик во европската авантура.
ФОТО: ЕХФ