Што се случува во Олимпик Марсеј? Тренерот си замина, фановите делат смртни закани

604

Вторник беше шокантен ден за Олимпик Марсеј. Утрото тренерот Марселино Гарсија Торал ги известил играчите дека го напушта клубот. Вечерта сериозните француски медиуми објавија дека претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија, спортскиот директор Хавиер Рибалта, финансискиот директор Стефан Тисиер и генералниот директор Педро Ириондо привремено одбиле да продолжат со работа.

Причина, закани од навивачите на клубот. Во понеделникот, шефовите на Олимик Марсеј се сретнаа со челниците на навивачките групи кои беа незадоволни од почетокот на сезоната и менаџерските одлуки. Средбата траела 45 минути, на која навивачите го обвинија клубот дека лесно се разделува со лидерите како Димитри Паје и Матео Гуендузи, потсетувајќи како се ослободи и од легендата Стив Манданда пред една година. Исто така, навивачите јасно истакнале дека непотизмот при изборот на деца за клупската академија веќе е очигледен. Се намалува бројот на деца на кои Марсеј им е роден град, а претседателот Лонгорија има своја консултантска компанија, која де јуре постои, но де факто само собира пари од буџетот на клубот.

Рашид Зеруал, долгогодишен лидер на највлијателната навивачка група на Марсеј, лично им се заканил на сите четворица функционери во клубот дека ќе зажалат ако не си дадат оставки. Зеруал им дал и ултиматум: Лонгорија и останатите мора да го напуштат клубот пред 8 октомври, односно пред денот на мечот со Ле Авр.

Претседателот на фан-клубот на Марсеј, Ханди, Рене Поуте, пак, изјавил дека немало никакви закани за физичко насилство. Навивачите барале од функционерите само да престанат лагите и да си заминат.

Ниту еден од раководните лица на клубот не отпатува за Амстердам за дуелот со Ајакс во Лигата на Европа. Официјални информации за оставка на раководството засега нема.

ПретходноШокантен пораз на Партизан – Студентски центар со тројка во финишот го освои АБА Суперкупот
СледноАргентинецот ја обнови старата повреда: Интер Мајами победи, но го загуби Меси