Ѓоковиќ објави на кои турнири ќе игра до крајот на годината

369

Новак Ѓоковиќ по откажувањето на Мастерсот во Шангај, излезе со официјална информација на кои турнири ќе учествува до крајот на годината. Според информацијата, освојувачот на УС Опен освен во Шангај нема да настапи ниту на Астана опен во Казахстан.

До крајот на годината тој ќе игра на три значајни турнири, прво на АТП Мастерс 1000 серијата во Париз од 30 октомври до 5 ноември, а потоа од 12 ноември ќе учествува на завршниот Мастерс во Торино.

Третиот тунри на кој ќе се појави е секако завршниот турнир од Дејвис Купот од 21 до 26 ноември во Малага, каде ривал на Србија во четвртфиналето е Велика Британија.

ПретходноНови напади на фудбалските судии, прекинато првенството на Кипар
СледноАлкалоид ја освои втората победа, следува мегдан со најдобрите