КЛ: Миовски против Ајнтрахт (Ф), Динамо (З) ја пречекува Астана, Ристовски гостува кај Лудогорец

106

Македонија нема свој клуб преставник во Конференциската лига и оваа сезона, иако Струга ТЛ беше на чекор до обезбедување на пласман во групите. Сепак, неколку наши интернационалци со своите клубови денеска ги започнуваат настапите во ова трето по ранг УЕФА натпреварување.

Репрезентативниот напаѓач Бојан Миовски и неговиот Абердин денеска ја отвораат програмата на натпревари од 18.45 со гостувањето во Германија против екипата на Ајнтрахт (Ф). Во овој попладневен термин и Хелсинки на Дени Илиев го игра својот прв меч во групите. Финскиот првак е домаќин на грчки ПАОК. Илиев поради повреда нема да биде во составот на домашните.

На гости ќе игра Спартак Трнава на уште еден наш репрезентативен напаѓач, Милан Ристовски. Словачкиот тим гостува во Бугарија против екипата на бугарскиот шампион Лудогорец.

Во вечерниот термин од 21 часот, Динамо (З) на Аријан Адеми и Стефан Ристовски на домашен терен го пречекува тимот на Астана во чии редови се очекува да биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец, Алекса Амановиќ.

Меѓу останатите дуели од денешната програма за издвојување е пресметката на минатогодишниот финалист во ова натпреварување, Фиорентина, кој гостува кај Генк во Белгија. Клуб Бриж, кој до лани играше во ЛШ сега почнува во ова трето европско натпреварување и тоа со меч против турски Бешикташ.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – 1 КОЛО

18:45 Ајнтрахт Франкфурт – Абердин

18:45 Генк – Фиорентина

18:45 Зрински – АЗ Алкмар

18:45 Легија – Астон Вила

18:45 Лудогорец – Спартак Трнава

18:45 Фенербахче – Нордсјеланд

18:45 Ференцварош – Чукарички

18:45 Хелсинки – ПАОК

21:00 Динамо Загреб – Астана

21:00 Клуб Бриж – Бешикташ

21:00 Лугано – Бодо/Глимт

21:00 Макаби Тел Авив – Бреидаблик

21:00 Викторија Плзен – Балкани

21:00 Слован Братислава – Клаксвик

21:00 Зорја Луганск – Гент

ПретходноАлкалоид ја освои втората победа, следува мегдан со најдобрите
СледноТанески е нов селектор на кадетската репрезентација